ТРИ ДРЖАВИ ДЕЛАТ ЕДНО ЕЗЕРО

Две држави да делат едно Езеро има многу примери во светот како што се Охридското (Македонија и Албанија), Дојранското (Македонија и Грција), Скадарското (Црна Гора и Албанија), Онтарио и Хјурон меѓу САД и Канада и други.

Копнени тримеѓи во светот има многу но тримеѓата да се наоѓа на Езеро е многу ретко. Преспанското Езеро можеби не е единственото што го делат три држави и тримеѓата се наоѓа во езерските вода, но е едно од трите такви случаи во Европа.

Езерската и копнената граница со Грција беше поставена во 1913 година по Втората балканска војна при што јужниот дел на Долна Преспа влезе во составот на Грција.

Водената и копнената граница меѓу кралството Југославија и Албанија беше утврдена дури во 1925 година. Притоа регионот на Мала Преспа, со девет села со чисто македонско население, остана отаде граница.

Методија Јоновски