Амбасадорот Марковски на средби во албанското Собрание

Денес во Парламентот на Република Албанија амбасадорот Данчо Марковски оствари одвоени средби со претседателката на Комисија за европски интеграции, Jорида Табаку и претседателката на комисијата за надворешни работи, Мими Кодели.

Како што информираат од македонската амбасада во Тирана разговорите се искористени за меѓусебно информирање околу новиот пристап и воспоставениот позитивен дијалог меѓу владите на Северна Македонија и Бугарија во насока на воспоставување меѓусебна доверба, со цел откочување на евроинтегративните процеси. Заедничката констатација е дека Севрна Македонија и Албанија остануваат посветени на членството во ЕУ како најважен надворешно политички приоритет.


Данчо Марковски и Јорида Табаку

Средбите се искористени и за конкретизирање на планот за работни посети на парламентарните комисии.

©Македониум