Македонскиот амбасадор во Албанија, Данчо Марковски оствари работна средба со Роберт Гајда, Комесар за заштита од дискриминација во Република Албанија.
Данчо Марковски и Роберт Гајда
Како што информираат од македонската амбасада во Тирана ова средба беше одлична можност за меѓусебно информирање околу прашањата поврзани со Македонското национално малцинство во пресрет на пописот на населението што треба да се одржи во текот на втората половина од оваа година, како и за други активности во надлежност на Комесарот.
©Македониум