Илија Дигалов (1890 – 26. XI 1922) е македонски револуционер, костурски и преспански војвода, деец на Македонското револуционерно движење. Познат како Ило Дигала, тој уште како млад станува курир на Македонската револуционерна организација. Учествува во Балканските и Првата светска војна, а по неа со другарите воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој еден од светлите фигури на Македонското револуционерно движење кој дејствува по I светска војна во Западниот дел на Македонија.
Илија Дигалов е роден во 1890 година во костурското село В’мбел, Егејскиот дел на Македонија. До второ одделение учи во грчко училиште, а потоа уште две во егзархиско. Иако не се стекнал со повисоко образование, тој имал голема животна школа. Освен на мајчиниот јазик, тој знаеше да чита и пишува уште на грчки и албански јазик. Уште како ученик имал буен карактер и како млад станува курир на Македонската револуционерна организација.
Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, тој се приклучува на четата на Васил Чакаларов и учествува во борбите кај Олишта и други населени места. По Втората балканска војна, во неможност да го избегне служењето во грчката армија, по шестмесечмо криење се пријавува во во Лерин. Служи прво во митролеското одделение, а подоцна станува подофицер на грчката армија. Но, согледувајќи дека таму не му е местото и дека треба да му служи на својот македонски народ, Дигалов со еден свој другар дезертира и станува војвода на чета во Костурско и Преспанско.
На крајот на 1919 година со помошниците Алија Ибраим од Пласница, Кичевско, и Стојан Георгиев од Стење, Преспанско, Илија Дигалов заминува за Македонија, каде дејствува во Горна Преспа. Во пролетта на 1920 година дејствуваат во Кичевско, а во текот на летото – во Охридско. Зимата на 1920-1921 година ја поминуваат во Албанија, а во пролетта дејствуваат во Преспа. Со другарите Дигалов воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација, организира јатаци и го казнува соработниците на власта.
Во 1921 година во Македонија под српска власт е предаден и во борба во Мариово е ранет. Се крие кај јатаци во Прилепско. По нова борба крај Вардар се враќа и се повлекува во Албанија. Делува во Костурско, а потоа преку Албанија поминува во Преспа, каде дејствува до зимата.
Во Албанија контактира со Христо Цветков и Крсто Љондев, преставници на Македонската федеративна организација, кои во соробатко со автономистите на Александар Протогеров се обидуваат да ги воспостават раководните органи на албанска територија. Дигалов сметаше дека не може да се ангажираме македонскиот народ за странски интереси и дека Македонија е достојна да го издржава македонското движење.
Во пролетта на 1922 година продолжува со своите активности во Горна Преспа, во мај се префрла во Костурско, а потоа ги организира селата во Мала Преспа, кои во тоа време се во грчка територија. Во 1922 година Дигалов заедно со четворица свои четници е предаден на грчките власти за 20 000 драхми. Во борбата која се развива со грчка жандармерија Дигалов загинува заедно со својот другар Стојан Георгиев на 26 ноември 1922 година во село Глобочани, Мала Преспа (Албанија).
Загубата на Илија Дигалов е оценета како една од најголемите за ВМРО во Западна Македонија пред 1924 година. Преспанското војвода Дигалов е наследен од Петар Ангелов. (Македониум)