Стерјовски и Дуро ги посетија Македонците во село Врбник



Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски заедно со градоначалникот на Општина Девол, Едуард Дуро, ги посетија Македонците во село Врбник, кое административно потпаѓа под општина Девол.

На средбата разговараа за решавање на секојдневните проблеми со кои се соочуваат жителите на ова македонско село. Градоначалникот Дуро ги извести жителите на селото Врбник дека ќе се ангажира за подобрување на условите за живот во селото и со новиот буџет на општината Девол за 2022 година се планираат финасиски средства за решавање на проблемите од инфраструктурен карактер во селото, како и вработување на едно лице од селото кое ќе се грижи за селската планина.

Селото Врбник е македонско егејско село во Албанија населено со чисто македонско население признато од албанската држава. (Македониум)