На седница на албанскиот Парламент, пратеникот од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција Васил Стерјовски, говореше за еден од најгорливите проблеми што ги мачат жителите на Општина Пустец, за што искажале голема загриженост на средбите што во текот на изминатата недела ги имал со нив а тоа е проблемот со снабдувањето со електрична енергија.
– Нередовното снабдување со електрична енергија и нискиот напон создаваат потешкотии во секојдневниот живот на жителите, предзвикуваат штета и кај неколкуте ресторани и бизниси што работат на територијата на општината, има проблеми во функционирањето на општина Пустец, училиштата, амбулантите, зравствениот центар во Пустец и го попречува нормалниот тек на туристичката сезона, наведе Стерјовски.
Во албанското Собрание повторно го покренав проблемот со честиот прекин на електричната енергија и нискиот напон во општина Пустец на што добив одговор од министерката за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку.Në Kuvend përsëri ngrita problemin e ndërprerjeve të shpeshta të energjisë elektrike dhe tensionin e ulët në Bashkinë e Pustecit për të cilën mora një përgjigje nga Ministrja e Infrastrukturës dhe Energjisë, Belinda Balluku.
Posted by Vasil Sterjovski on Tuesday, March 3, 2020
Додаде дека општина Пустец е модел за плаќање на сметки за потрошена електрична енергија и е единствена општина во Албанија каде наплатата на сметките изнесува сто отсто.
– Општина Пустец е една од најубавите природни бисери во оваа земја, туристичка област чиј поголем дел потпаѓа под Националниот парк „Преспа“. Селото Зрноско, едно од деветте села, од страна на албанската влада е опфатено во проектот „100-те туристички села“, рече Стерјовски.