Го запознав Васил Јанкула пред 15-тина години.Тогаш дојден од Мала Преспа Албанија, се преселија во Ресен.Лице со телесен инвалидитет,прележана церебрална парализа.Бидејќи и јас сум лице со телесна попреченост, веднаш станавме пријатели и тоа и ден денес не престанува.
Малку ми беше чудно презимето Јанкула како некој војвода од Илинденското востание,но тој е уште поголем херој, но воедно и човек со огромна воља и желба.Тоа што тој ќе го замисли мора да се исполни и токму така успеа да докаже, дека со оптимистички дух и храбро срце успеа да вози и вози по патеки , патеки полни со удолници и угорници.
Патеки на животот.
Големината на вољата и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа е посилна од се.
Васил Јанкула и неговиот тренер Тони Ангеловски-Маслото секојдневно и макотрпно работаат и воедно се заблагодаруваат на сите кои помогнале да го исполнува својот сон.
Овој млад човек ја извози патеката од 150 километри Ресен-Пустец и околината и назад,возејќи 8 часа и постави нов рекорд со својот троцикл – велосипед за да ни покаже дека различностите се насекаде околу нас , но дека треба да бидат прифатени и лицата со посебни потреби кои би требало секогаш да се дел од еден ваков спортски настан и од секојдневниот живот. Васил Јанкула Македонец покажа и докажа дека физичкиот хендикеп не е и не може ништо на вољата на умот да постигне рекорди.
Васил успеа да ја извози патеката долга 30 километреи на Охридскиот атлетски маратон.Тешката патека,полна со угорници и падови не го спречи Васила да успее да стигне до целта,неговата желба беше посилна од неговото тело при тоа заборавајќи на тешката болест,но истовремено барајќи нови предизвици.
Васил на 11.11.2018 ќе вози низ Скопје, а неговото мото ќе биде ВОЗАМ НА ТОЧАК ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ.
А, веднаш потоа и во Прилеп, градот херој, нашиот херој ќе вози на Прилепскиот полумаратон.
И не застануваат неговите желби тука,тој сака секако доколку најде покровители да ја помине Македонија со точак,а можеби еден ден и Балканот, па Европа и Светот.
Васил е способен за тоа, неговата желба е голема,неговата воља е несопирлива.
Василе ние сме со тебе!
Сотир Чаушевски